Рубен Аморим го коментираше неверојатното реми (4-4) на Манчестер Јунајтед против Борнмут во 16. коло од англиската Премиер – лига. Вели дека е разочаран, затоа што неговиот тим требало да стигне до победата.
„Многу сме разочарани. Беше вистински хаотичен натпревар. Можеби изгледа дека два бода ги изгубивме во второто полувреме, но според мене тие веќе беа загубени во првото. Имавме контрола и создадовме многу шанси. Требаше да заминеме на пауза со поинаков резултат. На крајот заслуживме повеќе. Овој натпревар беше возбудлив за сите кои го следеа од дома“, изјави Аморим.
Тренерот посочи дека неговиот тим морал да биде поефикасен пред голот на Борнмут, затоа што имаше многу шанси и покрај четирите постигнати гола.
„Навивачите, особено на ‘Олд Трафорд’, сакаат победа, но сакаат и тим кој игра привлечен и квалитетен фудбал. Во некои моменти тоа го постигнавме. Натпреварот беше добар, но мораме подобро да ги завршуваме шансите, бидејќи создадовме многу. Ламенс одигра одлично. И двата тима имаа свои моменти, но ние бевме поактивни. Мораме да најдеме начин да ги затвораме натпреварите, бидејќи ова ни се повторува. Ова е дел од процесот. Даваме сѐ од себе, но понекогаш тоа не е доволно“, додаде стратегот на „ѓаволите“.
Загубените два бода го спречија Манчестер Јунајтед да се искачи во топ 4 на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













