Connect with us

Амир Нухија е ново засилување за Струга Трим Лум

Досегашниот капитен на Шкендија Арачиново и поранешен младинец на тетовска Шкендија, својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Струга Трим Лум.


​Младиот креативец зад себе има одлична сезона во дресот на арачиновци, а неговата преселба крај Езерото е јасен знак дека во Струга гледаат идеално решение за подмладување на средниот ред.

Пред да настапува за екипата на Арачиново, Нухија помина и еден период на позајмица во тимот на Арсими.


​Струга ТЛ очигледно планира максимално да се засили во текот на овој летен преоден рок и повторно да атакува на највисок пласман во Првата лига следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови