Фудбалската репрезентација на САД доживеа шокантен пораз од Панама (0-1), и покрај тоа што важеше за еден од главните фаворити во КОНКАКАФ Лигата на нациите. Ова беше ноќ за заборав за Американците, кои испаднаа од натпреварувањето по примениот гол во самиот финиш.
Иако селекцијата на Маурисио Покетино имаше целосна контрола врз играта, судбината им приреди горчлив крај. Џош Сарџент ја затресе мрежата во 25. минута, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Без реализација на толку шанси, Американците беа казнети – Сесилио Вотермен во 95. минута ја затресе нивната мрежа и ѝ донесе на Панама историска победа.
Los momentos y las imágenes que nos regala el fútbol. Cecilio Waterman marca el histórico gol en la Nations League, con el que Panamá elimina a Estados Unidos, y su celebración es con Thierry Henry.
— WillyRodríguez (@WillyRodri13) March 21, 2025
¡Genial! ⚽️🙌🏻pic.twitter.com/MCgh7zB24T
Прославата на Вотермен беше посебен момент. Тој веднаш ја сподели својата радост со легендарниот Тиери Анри, кој беше присутен како стручен коментатор. Интересно, Вотермен пред мечот истакна дека Анри му е идол, а по завршувањето на натпреварот му го подари својот дрес. Француската легенда му вети дека ќе му врати со дрес од неговиот период во Арсенал.
По овој неочекуван исход, САД ќе се обиде да го освои третото место во дуелот против Канада, додека Панама ќе се бори за титулата против Мексико, кој славеше со 2-0 против Канаѓаните.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













