Алваро Арбелоа е именуван за нов менаџер на Фулам, со кој потпиша тригодишен договор. Поранешниот шпански репрезентативец ќе седне на клупата на лондонскиот клуб, наследувајќи го Марко Силва.
За Арбелоа ова ќе биде прв предизвик како тренер во Премиер лигата, откако досега најголемиот дел од својата тренерска кариера го помина во системот на Реал Мадрид.
Шпанецот неодамна кратко го предводеше Реал Мадрид, каде што го наследи својот поранешен соиграч од Ливерпул, Чаби Алонсо. Сепак, по завршувањето на сезоната си замина од „Сантијаго Бернабеу“, а на негово место пристигна Жозе Мурињо.
Арбелоа добро го познава англискиот фудбал, бидејќи како играч помина четири сезони во Премиер лигата. Од 2006 до 2009 година го носеше дресот на Ливерпул, додека кариерата ја заврши во Вест Хем во сезоната 2016/17.
Поранешниот десен бек сега ќе има задача да го продолжи развојот на Фулам и да го пренесе своето искуство стекнато во Реал Мадрид и англискиот фудбал на „Крејвен Котиџ“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













