Connect with us

Алтипармаковски: Одигравме одлично против Македонија ЃП, во ист стил и против Охрид во Купот

Напаѓачот Марјан Алтипармаковски апсолутно го оправдува ангажманот во Брегалница. Тој запиша два гола во убедливата победа од 4-1 против Македонија ЃП и со вкупно седум погодоци е голгетер број во редовите на штипските „сини“.


„Овој тим на Брегалница има навистина голем капацитет. Среќен сум што тоа го покажуваме на терен. Но, не се залетуваме секако. Нашата цел е да одиме од натпревар на натпревар. Одигравме одличен натпреварпротив Македонија ЃП во кој повеќе од заслужено триумфираме. Сето тоа ни носи дополнителен мотив за продолжението од првенството“, вели Алтипармаковски.

„Сините“ веќе в среда ги очекува осминафиналето од Купот на Македонија против Охрид. Секако со амбиција за пласман во четвртфиналето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

„Секако нашата желба е победа и на дуелот против Охрид. Сето тоа ќе мора да го покажеме и на терен, и само со максимален ангажман да дојдеме до посакуваниот триумф“, дополнува најдобриот стрелец на Брегалница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови