Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец за Лидс Јунајтед во убедливиот триумф (5-2) на „Иланд Роуд“ против Њукасл. Џани беше стартер, го одигра целиот меч и го зачини со прекрасен погодок во 85.минута од мечот. Тоа е дебитантски гол за него во Премиер – лигата.
Лидс Јунајтед победи по подолг период, а и Алиоски прикажа одлична игра. Поведе Њукасл во 26.минута преку Хендрик, но Бамфорд израмни десет минути подоцна. Родриго направи пресврт, но Кларк израмни на 2-2. Сепак, во завршницата Лидс стигна до убедлив триумф. Стјуарт Далас постигна гол за ново водство, Езгјан Алиоски погоди за четврти гол, а Џек Херисон го комплетираше триумфот.
Арсенал одигра 1-1 против Саутемптон и повторно беше со играч помалку поради исклучувањето на Габирел. Тео Волкот донесе предност за Саутемптон, а изамни Обамејанг. Евертон славеше со 0-2 на гости кај Лестер, со головите на Ришарлисон и на Мејсон Холгејт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













