Connect with us

Алиоски: Следната цел на Македонија е пласман на Светското првенство во Катар

Македонија оствари историски пласман на Европско првенство, токму денеска одбројуваме еден месец до почетокот на големиот европски фудбалски самит, а Езгјан Алиоски најавува дека следната цел на нашиот национален тим е пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Алиоски во разговор за официјалниот сајт на ФИФА зборува за можноста Македонија да се пласира на наредниот мундијал.


„Секое дете што сака фудбал сонува еден ден да настапува на големо натпреварување, Лига на шампиони, Европско првенство, Светско првенство…Јас едната цел ја исполнив, а две големи цели кон кои сега се стремам се настап во Лигата на шампионите и на Светското првенство. Со победата против Германија почнавме да веруваме дека можеме да се пласираме на Светското првенство во Катар. Мислам дека сме подобри од Романија, Исланд и од другите селекции во групата. Следен чекор на Македонија е пласман на Светско првенство“, потенцира Езгјан Алиоски.

Триумфот над Германија во Дуисбург одекна како спортска бомба низ целиот свет. Сите се прашуваат како Македонија успеа да ги совлада Германците.

„Во натпреварот влеговме со масимален респект кон Германците, знаевме дека играме против четирикратен светски првак, сите фудбалери на противникот се дел од најголемите европски клубови. Но, тоа не ја намали нашата самодоверба. Одигравме тактички одлично, не им дозволивме да создадат многу шанси пред нашиот гол, а ние успеавме да ги искористиме нашите можности. Македонија е вистински тим со срце и карактер и тоа на многу натпревари е пресудно“, вели Алиоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови