Поради најновата лудорија во Премиер – лигата, македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски се најде под истрага на Фудбалската Асоцијација на Англија. Алиоски му се плазеше на фудбалерот на Барнли, Двајт Мекнил, во убедливиот триумф на Лидс Јунајтед (0-4), но за тоа би можел да добие казна.
Потегот на Алиоски е забележан во судискиот извештај кој сега ќе оди на разгледување во Дисцилинската комисија на ФА. Побарани се дополнителни изјави од сите актери. Истрагата е насочена кон тоа дали има понижување на противникот.
Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса, застана во одбрана на својот фудбалер и вели дека не се случило ништо невообичаено за фудбалски натпревар.
„Не видов гестикулација, а двајцата фудбалери имаа меѓусебни дофрлувања, но ништо поразлично од секој првенствен натпревар во Премиер – лигата“, изјави Марсело Биелса.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski