Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски добил понуда од турскиот гигант Фенербахче. Тој на крајот од овој месец ќе стане слободен агент и Фенербахче му нуди одлични услови за да ја одбере Турција како следна дестинација во неговата кариера. Претходно, и Галатасарај и Трабзонспор појавија интерес да го доведат Џани Алиоски во своите редови.
Интересно е дека Алиоски, доколку го одбере Фенербахче, би можел повторно да соработува со селекторот Игор Ангеловски. Денеска турските медиуми најавуваат дека тој е еден од кандидатите за нов тренер на Фенербахче заедно со Златко Далиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski