Connect with us

Алиоски е тема број еден меѓу фановите на Лидс: Па тој се уште трча!

По феноменалната партија против ВБА, македонскиот репрезентативец Џани Алиоски е тема број еден по социјалните мрежи меѓу фановите на Лидс.

Во секако позитивен контекст, Алиоски се споредува со бројни атлетичари но и ликови од анимирани филмови, поради километражите кои ги остава зад себе на секој натпревар на Лидс.

„Да, ги читам тие шеги на моја сметка од типот ете го Алиоски и еден час по натпреварот се уште трча. Да, на натпреварите можеби трчам и повеќе од тоа што треба, но тоа е моја задача во а во интерес само на тимот. Духовити се сите тие коментари на навивачите, и јас ги доживувам низ една позитивна призма, затоа и нема зошто да се лутам“ – прокоментира Алиоски на денешната прес-конференција на Лидс на која беше заедно со менаџерот Биелса.
 

Still running! ? @ezgjanalioski pic.twitter.com/6kEaQB7y6l
— Leeds United (@LUFC) March 7, 2019
Лидс е во ситуација за повторно враќање во Премиерлигата на Англија…

„Оваа сезона, со овој тренер кој го имаме навистина уживаме во натпреварувањето. Веруваме во себе, и сигурен сум дека се додека ги исполнуваме задачите на Биелса како што треба тогаш нема за што да стравуваме. Точно е дека има притисок како сезоната се доближува до крајот. Но, во фудбалот убаво е и да има притисок затоа што тој дополнително мотивира. Но, не и нервоза“ – вели Алиоски пред утрешното гостување против Бристол сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови