Турскиот гигант Фенербахче е сериозно заинтересиран да го доведе се уште актуелниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, за нов тренер во новата сезона. По разделбата со спортскиот директор Емре Белозоглу, првиот човек на клубот Али Коч ги презел конците во свои раце и како што откриваат турските медиуми, веќе имал разговор со Игор Ангеловски. Начелно, многу му се допаднале неговите идеи и принципот на работа и тој е најсериозниот кандидат за клупата на Фенербахче, пишува „Фанатик“.
Игор Ангеловски како тренер на Работнички сензационално го елиминира Трабзонспор од европските купови и има одличен рејтинг во Турција.
Во опција за тренерската позиција на турскиот гигант се уште двајца тренери, Марко Силва, кој ги водеше Вотфорд и Евертон, како и хрватскиот стратег Ненад Бјелица. Турските медиуми најавуваат и други познати имиња како Андреа Пирло и Пауло Фонсека.
Новиот тренер на Фенербахче треба да биде објавен во текот на денешниот ден.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski