Алексис Санчез е пред ново поглавје во богатата кариера. Чилеанската фудбалска ѕвезда наскоро би требало да се пресели во МЛС, каде што ќе го облече дресот на канадскиот клуб Монтреал.
37-годишниот напаѓач ќе пристигне како слободен играч, а двете страни веќе постигнале договор за двегодишна соработка. Документацијата за трансферот е финализирана, па се очекува неговото пристигнување во клубот да биде официјализирано наскоро.
Последниот клуб на Санчез беше Севилја, каде што во сезоната 2025/26 запиша 30 настапи, постигна четири гола и забележа две асистенции.
Во текот на својата блескава кариера, Чилеанецот настапуваше за голем број европски гиганти. Покрај Севилја, тој ги носеше и дресовите на Удинезе, Интер, Марсеј, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Барселона.
Санчез е убедливо еден од најважните фудбалери во историјата на Чиле. Тој е рекордер на националниот тим со 168 настапи, а воедно е и најдобар стрелец на репрезентацијата.
По повеќе од една деценија помината на највисоко европско ниво, Санчез сега е пред нов предизвик во Северна Америка, каде што ќе се обиде да остави трага и во МЛС.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













