Очекуваниот трансфер на Александар Исак од Њукасл во Ливерпул е сигурен и ќе стане официјален за само неколку часа. Зделката ќе изнесува 130 милиони фунти, што ќе биде нов рекорд во Премиер – лигата. Напаѓачот ќе потпише договор со шампионот на Англија во траење од шест сезони.
Подоцна во текот на денот шведскиот репрезентативец ќе ги изврши задолжителните медицински тестови.
Њукасл ќе инкасира 125 милиони фунти, додека преостанатите 5 милиони ќе бидат распределени на поранешните клубови на Исак како солидарни плаќања.
Оваа зделка ќе постави нов трансфер-рекорд во Премиер лигата, надминувајќи ја сумата што Челси ја плати – 106 милиони фунти на Бенфика за Енцо Фернандез во јануари 2023 година.
Купувањето на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен од страна на Ливерпул претходно ова лето достигна вкупен пакет од 116 милиони фунти – 100 милиони основна сума и 16 милиони во можни бонуси.
Денес се затвора трансфер-пазарот во Англија и во повеќе водечки европски шампионати, што гарантира исклучително возбудлив ден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













