Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е нов фудбалер на Локомотива Загреб. Иако клубот сѐ уште не го претставил официјално, Локомотива го регистрираше поранешниот напаѓач на Хајдук во системот на ХНС, па тој како слободен играч ќе му се приклучи на клубот пред финишот на првиот дел од сезоната.
Трајковски немаше ангажман од крајот на минатата сезона, кога му истече договорот со Хајдук. И покрај тоа, додека беше без клуб, одигра пет натпревари за репрезентацијата на Македонија и постигна два гола.
Александар Трајковски во Хајдук помина две години. Дојде како слободен играч во летото 2023 година и на 32 настапи во ХНЛ постигна десет голови. Неговиот најдобар натпревар за Хајдук беше токму против Локомотива, на која во последното коло од сезоната 2023/24 ѝ даде хет-трик.
Локомотива е трет хрватски клуб за кој ќе игра Трајковски. Уште во сезоната 2010/11 го носеше дресот на Интер Запрешиќ. Трајковски е најпознат по периодот што го помина во Италија, играјќи за Палермо, а во Ла Лига настапуваше за Мајорка. За македонската репрезентација досега одигра 98 натпревари и постигна 24 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб
Евро-фудбал
Реал и Барса во трка за дефанзивец на Ајнтрахт
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













