Состојбата во Милан станува сè понапната, а според италијанските медиуми, тренерот Масимилијано Алегри сериозно размислува за заминување на крајот од сезоната поради нарушените односи со Златан Ибрахимовиќ и дел од клупската управа.
„Кориере дела Сера“ пишува дека комуникацијата меѓу Алегри и Ибрахимовиќ речиси целосно престанала, а несогласувањата околу трансфер политиката и функционирањето на спортскиот сектор дополнително ја продлабочиле кризата.
Проблемите се зголемиле и поради слабите резултати на тимот, кој во последните шест натпревари запиша само една победа, додека борбата за место во Лигата на шампионите сè уште трае.
Според извештаите од Италија, конфликтот кулминирал по поразот од Наполи, а спорна тема била и одлуката околу изборот на трет голман, по што односите меѓу двете страни дополнително се влошиле.
Медиумите потсетуваат и на нивниот стар конфликт од 2012 година, кога по натпреварот со Арсенал наводно дошло до жестока расправија во соблекувалната.
Дополнителна нервоза кај Алегри предизвикале и честите контакти на Ибрахимовиќ со Антонио Касано, како и ситуациите во кои Швеѓанецот наводно им давал тактички совети на Јусуф Фофана и Рафаел Леао.
Во меѓувреме, Алегри бил незадоволен и од зимскиот преоден рок, бидејќи клубот не ги реализирал бараните засилувања. Единствено ново име беше Никлас Фулкруг, кој пристигнал на позајмица, додека подоцна биле потрошени значителни средства за други трансфери без целосна координација со спортскиот сектор.
Италијанските извори наведуваат дека евентуално поголемо влијание на Ибрахимовиќ во спортската структура би можело да значи и дефинитивен крај за Алегри во Милано, а како можна следна дестинација за тренерот се споменува и клупата на Италија.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













