Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, би можел да добие сериозна суспензија поради навреди упатени кон спортскиот координатор на Наполи, Габриеле Оријали, за време на натпреварите меѓу двата клуба во четвртокот навечер во полуфиналето на Суперкупот на Италија.
Како што пренесува „Газета дело спорт“, тренерот на второпласираниот тим во Серија А би можел да добие казна од неколку натпревари во домашното првенство поради неприкладните зборови упатени кон поранешниот италијански фудбалер.
Доколку добие полесни последици, трофејниот италијански стратег веројатно ќе биде „удрен по џебот“, а Дисциплинската комисија ќе одлучи која мерка ќе се преземе.
Од Наполи веќе соопштија дека се надеваат дека однесувањето на Алегри ќе има соодветни последици, нагласувајќи дека сите 33 камери во Ријад го снимиле она што тој го изговорил.
„Се надеваме дека овој потполно неконтролиран напад нема да помине незабележано, особено затоа што, со 33 камери вклучени во продукцијата на настанот, немаше како да не се види што се случи“, стои во објавата на клубот, кој ќе се бори против Болоња за титулата во Суперкупот.
Милан следниот натпревар во Серија А ќе го одигра дури в недела, на 28 декември, а противник во пладневниот термин од 12:30 часот ќе биде тимот на Верона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













