Голманот на Франција, Мајк Мењан, не учествуваше на последниот заеднички тренинг на националниот тим, само три дена пред првиот натпревар на „триколорите“ на Светско првенство 2026 против Сенегал.
Според информациите на француската телевизија „Canal+“, причината за неговото отсуство сè уште не е официјално соопштена. Сепак, неговото непојавување на тренингот предизвика загриженост кај стручниот штаб и навивачите на Франција.
За време на тактичката подготовка, на голот застана Брис Самба, кој ги носеше ракавиците на првиот чувар на мрежата.
Отсуството на Мањан го натера стручниот штаб да испроба различни дефанзивни варијанти. Пред Самба беше тестирана централната одбранбена двојка составена од Дајо Упамекано и Вилијам Салиба, додека по крилните позиции настапуваа Жил Кунде и Тео Хернандез.
Во средниот ред и нападот, тренерскиот тим се одлучи за тандемот Аурелиен Чуамени и Адриен Рабио како дефанзивни играчи за врска.
Пред нив беше поставена офанзивна четворка составена од Мајкл Олисе, Дезире Дуе, Осман Дембеле и капитенот Килијан Мбапе.
Токму оваа напаѓачка формација беше тестирана и на последниот пријателски натпревар против Северна Ирска, што укажува дека може да биде една од главните тактички опции на Франција за претстојните натпревари на Мундијалот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













