Стефано Пиоли, тренерот на Ал-Наср, ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната, пренесуваат медиумите во Саудиска Арабија. Иако Италијанецот беше назначен пред само неколку месеци, раководството на клубот е разочарано од резултатите – особено по елиминацијата во полуфиналето на азиската Лига на шампиони и моментната трета позиција во домашното првенство.
Според истите извори, одлуката за разделба е веќе донесена, а Ал-Наср веќе започнува потрага по нов предводник за екипата предводена од Кристијано Роналдо. Оваа промена ќе се случи веднаш по завршување на тековната сезона.
Иако го очекува заминување од Саудиска Арабија, Пиоли не останува без понуди – италијански клубови внимателно ја следат неговата ситуација.
По шампионската титула со Милан во 2022 година, тој останува високо ценет во Серија А. Се поврзува со неколку клуба, меѓу нив и Рома и Милан, кои речиси сигурно ќе менуваат тренер, како и Јувентус и Наполи, каде моментните стратези имаат неизвесна иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













