Раководството на Пари Сен Жермен предводено од првиот човек Насер Ал-Келаифи донело одлука да ги носи сите 600 вработени во клубот на финалето на Лигата на шампионите во Минхен. Со тоа покажува дека сите имаат своја заслуга во големиот успех што го оствари тимот на Луис Енрике и добија шанса лично да присуствуваат на големиот спектакл на „Алијанц арена“.
Сите 600 вработени во ПСЖ ќе добијат бесплатни билети за финалето на Лигата на шампионите, а клубот ќе ги покрие и трошоците за патувањето до Минхен. Тие исто така ќе добијат дел од бонусите кои обично се резервирани за играчите, објави „Скај Спортс“, повикувајќи се на писмо од претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, до вработените.
Во финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се одигра на 31 мај, ПСЖ ќе се соочи со Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













