Connect with us

Ал-Хилал нуди 115 милиони евра за Бруно Фернандеш

Во Манчестер Јунајтед никогаш не е мирно, а сега на адреса на клубот пристигна исклучително сериозна понуда за еден од најважните фудбалери во тимот. Станува збор за сума која сигурно ќе ги натера на сериозно размислување техничкиот директор Џејсон Вилкокс и сопственикот Сер Џим Ратклиф.

Од моментот кога пристигна на „Олд Трафорд“, Бруно Фернандеш се наметна како вистински лидер и миленик на навивачите, покажувајќи голема лојалност кон клубот. Таа негова приврзаност беше ставена на тест и претходно, кога од Саудиска Арабија доби богати понуди – најпрво пред две години, а потоа и минатото лето.

Минатата година Португалецот имаше понуда вредна дури 230 милиони евра за три сезони, со ултиматум од 72 часа, но тогаш реши да ја одбие и да остане во Манчестер Јунајтед.

Сега, според англиските медиуми, челниците на Ал-Хилал повторно се активирале и овојпат се решени по секоја цена да го доведат Фернандеш. Саудискиот клуб испратил понуда од 115 милиони евра до Манчестер Јунајтед, а на играчот му нуди неделна плата од околу 700.000 евра – сума која е недостижна во Премиер – лигата.

Конечната одлука ќе ја донесе Џејсон Вилкокс, кој треба да одлучи дали понудата ќе биде прифатена или одбиена.


Според неофицијални информации, овојпат ни самиот Фернандеш не би имал ништо против заминување од „Олд Трафорд“.

Во меѓувреме, во клубот владее вистински хаос поради тренерското прашање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови