Саудискиот клуб Ал-Хилал е подготвен да направи нова сензација на трансфер пазарот, овојпат со понуда за Рафиња од Барселона. Според каталонскиот весник „Спорт“, саудискиот клуб е подготвен да понуди 100 милиони евра за трансферот на Бразилецот, како и впечатлив личен договор од 200 милиони евра за четири години.
Рафиња моментно игра најдобра сезона во својата кариера – со 30 голови и 23 асистенции на 49 натпревари, тој е еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик. Сепак, има уште само две години договор, а ќе наполни 30 години кога тој ќе истече. Нов договор не е лесна мисија – од една страна, бара подобрени услови, а од друга, клубот се соочува со финансиски ограничувања и неизвесност околу неговата постојаност.
Барселона би можела да размисли за ваква понуда, особено поради финансиските проблеми. Инјекцијата од 100 милиони евра би им била повеќе од добредојдена.
Ал-Хилал по заминувањето на Нејмар и потенцијалниот неуспех во одбраната на титулата, сака силно да се врати и летово планира големи инвестиции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













