Connect with us

АКЦИЈА НА КОЛОТО: Кога мочкото дојде до ѕидот…!

Кога не е многу интересно на теренот, актерите се анемични и не можат да победат…нормално е да ти се примоча. А ако по пет кола Вардар како актуелен шампион има само седум поени и веќе има негатива од големи осум бода зад лидерот Шкендија, тогаш веројатно ќе ти се примоча и од страв (таканаречена „вуна“).

Во отсуство на добри акции од вардарци на теренот, нормално е „извршниот“ да преземе акција. Затоа е извршен.

Се упати кон ѕидот и му се намоча на Градскиот стадион во Кавадарци. Можеби му се намоча на Тиквеш, кој не знае да „пушти“ ни со играч помалку, а можеби им се намоча и на своите фудбалери од Вардар, кои не знаат да дадат гол за победа иако се со играч повеќе на теренот.

Сепак, повеќе од јасно е дека му се намоча на брендот Вардар. Актуелен прв човек на најтрофејниот македонски клуб, досега низ историјата нема направено поголем скандал. Барем вака директно и конкретно, во јавност – сите да го видат и да го сликаат!

Прашањето што сега само се наметнува е дали го најде – начинот како да го „погоди“ ѕидот?!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови