ФИФА пред два месеци предложи две измени во фудбалските правила, кои едногласно беа одобрени од ИФАБ (Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации).
ИФАБ, најстарото тело задолжено за дефинирање и менување на правилата на фудбалската игра, потврди дека новите одредби ќе стапат во сила со почетокот на Светското првенство, кое стартува денеска со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка од 21 часот.
Едната измена е поврзана со инцидентот меѓу Винисиус Жуниор и Престијани. ФИФА на состанокот во Ванкувер го усвои таканаречениот „Закон на Винисиус“, според кој секој играч што ќе ја покрие устата додека комуницира со противнички фудбалер ќе биде санкциониран со директен црвен картон.
Повод за ова правило беше натпреварот меѓу Реал Мадрид и Бенфика, кога Престијани со покриена уста му се обрати на Винисиус. Бразилецот тврдеше дека станувало збор за расистички навреди, додека Аргентинецот ги негираше обвинувањата. Поради неможноста да се утврди што точно било кажано, ФИФА реши да воведе построги мерки.
Втората промена е резултат на случувањата на финалниот натпревар од Африканскиот куп меѓу Сенегал и Мароко.
Според новото правило, секој играч што намерно ќе го напушти теренот како форма на протест автоматски ќе добие црвен картон од главниот судија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













