ФИФА објави рекорден награден фонд за СП 2026. Светската фудбалска федерација објави дека вкупниот награден фонд за претстојниот Мундијал ќе изнесува рекордни 727 милиони долари.
Вкупната сума е за 50 проценти повеќе во однос на претходниот шампионат во Катар, а најголемиот дел од парите или 655 милиони ќе им се поделат на 48 земји учеснички додека останатите се наменети за оние кои не успеаа да се квалификуваат за завршницата.
За освојувачот на шампионската титула предидена е награда од 50 милиони долари, 33 милиони ќе инкасира финалистот додека освојувачот на третото место ќе биде награден со 29 милиони долари или два милиони повеќе од четвртопласираната селекција.
Националните тимови кои ќе се најдат од петтото до осмото место ќе добијат 19 милиони, оние што ќе се пласираат мешу деветтата и 16 позиција ќе бидат наградени со 15 милиони долари.
Селекциите од 17 до 32 место ќе заработат 11 милиони додека останатите само настап во првата фаза ќе добијат бонус од девет милиони долари.
Патем ФИФА донесе одлука секоја репрезентација што е дел од мундијалската завршница ќе добие 1,5 милиони долари, сума што треба да ги покрие трошоците за подготовки.
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра бараж за пласман на СП 2026, и доколку успее да направи сензација, тогаш би стигнала и до фантастична заработка од најмалку 10,5 милиони долари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













