Ајнтрахт е победник на финалето на Лигата на Европа што вечерва се одигра во Севилја. По изведување пенали, фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт беа подобри од Глазгов Ренџерс (5-4) и го освоија првиот пехар од Лига Европа во клупската историја. Тоа е втор европски пехар за германскиот клуб во историјата.

Кевин Трап во четвртата серија пенали го одбрани ударот на Арон Рамзи, а сите пет изведувачи на Ајнтрахт Франкфурт беа хируршки прецизни.

По регуларниот тек на финалната пресметка во Севилја, а и по 120 минути, резултатот беше 1-1.
Џо Арибо во 57.минута успеа да го доведе Глазгов Ренџерс во водство, а израмни Рафаел Боре во 69.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













