Семејството на Абделхак Ноури, фудбалерот кој доживеа срцев удар на теренот и доби големи оштетувања на мозокот, не се сложува со раководството на Ајакс околу висината на отштетата што треба да ја добие поради предвремениот и несакан прекин на кариерата. Тој повеќе од две години беше во кома, а сега 23 – годишниот Нури полека се опоравува и пред неколку месеци почна да комуницира со семејството.
Сепак, проблемите околу договорот со Ајакс никако да се решат. Семејството треба да добие одредена оштета, но двете страни не можат да постигнат договор. Ајакс нуди 5 милиони евра, додека семејството на Ноури бара двојно повеќе.
Директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар, соопшти дека случајот најверојатно ќе заврши на суд.
„Разговаравме со семејството и со адвокатите, не успеавме да постигнеме договор. Ситуацијата е тешка и ние би сакале се да се реши брзо. Но, не можеме да постигнеме договор. Големи се шансите целата работа да заврши на суд“, изјави Ван дер Сар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













