Connect with us

Ајакс го смени тренерот откако не победи седум натпревари по ред

Холандскиот гигант Ајакс донесе одлука да го смени тренерот Алфред Шројдер, веднаш по синоќешното реми со Волендам (1-1) во 18. коло од холандскиот шампионат. Тимот за првпат од 1974 година има седум натпревари без победа во лигата (пораз и шест нерешени меча).


Секако, во таква ситуација прв на удар е тренерот кој минатото лето го наследи Ерик тен Хаг на клупата. 50-годишниот Шројдер имаше договор до летото 2024 година.

„Ова е болна одлука, но и неопходна. По добриот почеток на сезоната загубивме многу бодови. И играта беше нестабилна. Во последниве недели, станува се појасно дека Шројдер не може да ги сврти работите. Веруваме дека и покрај бројните трансфери имавме на располагање силен тим достоен за освојување на шампионската титула“, изјави спортскиот директор на клубот, Едвин ван дер Сар.

Ајакс е само петти на табелата со седум бода помалку од водечкиот Феенорд. Тимот од Амстердам во следното коло гостува кај Екселзиор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови