Познатиот репрезентативец на Мали, Ив Бисума, пристигна во Амстердам на лекарски прегледи, по кои се очекува да потпише договор со Ајакс до крајот на актуелната сезона, со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Не така одамна, во летото 2022 година, Тотенхем плати речиси 30 милиони евра за Бисума на Брајтон, откако играчот четири сезони беше еден од најдобрите фудбалери во тимот и задаваше сериозни проблеми за противничките одбрани.
Преселбата во северен Лондон тогаш изгледаше како логичен чекор во кариерата, но честите повреди сериозно влијаеја врз неговиот период во Тотенхем. Англискиот клуб не му понуди нов договор, па Бисума летово стана слободен играч.
За него постоеше интерес од повеќе клубови. Бисума на почетокот на годината со капитенската лента го предводеше Мали на Купот на Африканските нации, каде што неговата репрезентација несреќно беше елиминирана од Сенегал во четвртфиналето.
Сепак, настапите за националниот тим беа меѓу ретките позитивни моменти за Бисума во оваа година. Поради проблемите со повреди, тој добиваше сè помала минутажа во Тотенхем, кој водеше тешка битка за опстанок.
Сега 30-годишниот Бисума се надева дека ќе го врати најдоброто издание во Амстердам. Тој пред само две недели го прослави својот 30. роденден, а со искуството од настапите во Премиер-лигата би требало да биде сериозно засилување за средниот ред на Ајакс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













