Connect with us

Агире ги бодри Мексиканците: Нема посилно чувство од тоа да играш на Светско првенство пред домашните фанови

Селекторот на Мексико, Хавиер Агире, се наврати на спомените од последното Светско првенство што неговата земја го организираше, додека го подготвува тимот за отворањето на Мундијалот 2026 против Јужна Африка. Натпреварот ќе се игра вечерва на легендарниот стадион „Ацтека“, точно четири децении откако Агире настапи на истиот терен како фудбалер.

Искусниот стратег призна дека ништо во неговата богата кариера не може да се спореди со чувството да се биде дел од Светско првенство пред домашната публика.

„Во моите 50 години во фудбалот не сум доживеал поголема емоција од Светско првенство на домашен терен. Тоа е нешто што никогаш не се заборава“, изјави Агире.

Тој беше дел од мексиканската репрезентација на Мундијалот во 1986 година и настапи на отворањето против Белгија на преполниот „Ацтека“. Подоцна двапати ја предводеше селекцијата како селектор, на светските првенства во 2002 и 2010 година.

Сега, во својот трет мандат на клупата на Мексико, 67-годишниот Агире смета дека неговата најважна задача е да им влее смиреност и самодоверба на играчите кои за првпат ќе го почувствуваат товарот, но и привилегијата да играат Светско првенство пред своите навивачи.

„Се сеќавам на самодовербата со која излеговме на теренот против Белгија. Сакам да ги убедам играчите дека ова може да биде голем ден за нас, празник што ќе се памети со децении“, истакна селекторот.

Агире нагласи дека неговиот тим е подготвен за атмосферата и огромниот притисок што го носи отворањето на турнирот пред повеќе од 80.000 гледачи. Според него, клучно ќе биде фудбалерите да успеат да го контролираат притисокот, бидејќи во вакви натпревари „не станува збор само за фудбал, туку и за емоционална рамнотежа“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови