Последната шанса е пред Шкендија. Македонскиот првак допатува во Луксембург, го одржа единствениот тренинг, а фудбалерите веруваат дека можат да ја надоместат негативата од првиот меч (1-2) против Дуделанж во Скопје.
Стрелецот на голот на првиот натпревар, Агим Ибраими, верува дека Шкендија може да возврати со триумф на гости и да се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.
„Нашата работа е да покажеме колку знаеме на теренот. Имаме квалитетен тим кој умее да се извлече и од вакви ситуации. Свесни сме дека ова е последната шанса и ќе се обидеме да ја искористиме“, изјави Агим Ибраими.
Тренерот Ќатип Османи верува дека тимот ќе одигра многу подобро на реваншот.
„Го анализиравме првиот меч и ги најдовме пропустите. Ќе мораме да одиграме на многу повисоко ниво на реваншот и верувам дека имаме сили за тоа. Не смееме да си дозволиме грешки како на првиот меч“, изјави Ќатип Османи.
Мечот меѓу Дуделанж и Шкендија ќе се одигра утре, со почеток во 17.55 часот, на стадионот „Жози Бартон“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski