Connect with us

Агим Ибраими ќе продолжи со Кукс?

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими е на чекор до продолжување на соработката со албанскиот прволигаш Кукс. Тој имаше одлична сезона во првенството на Албанија, постигна 15 гола во дресот на Кукс и раководството на клубот сака да го задржи најмалку уште една сезона.

Медиумите во Албанија најавуваат дека преговорите се движат во позитивна насока и се чека моментот кога клубот и официјално ќе потврди дека Агим Ибраими и следната сезона ќе го носи дресот на Кукс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови