Џорџ Атангана, агентот на Франк Кеси, му возврати на Џовани Карневали и го обвини Јувентус за неуспешниот трансфер на својот клиент на „Алијанц стадионот“.
Агентот на Кеси, Џорџ Атангана, објави соопштение за да ја изнесе својата гледна точка за тоа зошто репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, поранешна ѕвезда на Милан и Барселона, не прејде во Јувентус за време на летниот преоден рок.
Договорот на 29-годишниот фудбалер со Ал-Хилал истече во јуни, а Јувентус преговараше за негово доведување неколку месеци. На крајот, Кеси ја одби понудата на „старата дама“ на крајот на август и наместо тоа ја избра Аталанта.
„Преговорите со Јувентус не започнаа во првите денови од трансфер-прозорецот. Започнаа многу порано, кога Франк, при крајот на својот договор, реши дека сака да му се приклучи на Јувентус“, објасни агентот на играчот во соопштението пренесено од „Газета“.
„Франк конкретно докажа, со факти и огромни финансиски жртви, колку многу сакаше да го носи дресот на Јувентус.
Тој одби неколку понуди од други клубови, од кои некои беа за суми што објективно би било невозможно да ги одбие речиси кој било фудбалер. Ја задржа желбата да му се приклучи на Јувентус, иако добиваше далеку поповолни финансиски понуди од онаа што би ја прифатил од ‘бјанконерите’. Ова е клучниот момент за разбирање на целата ситуација“, продолжи Атангана.
„Следејќи ги желбите на Франк, работев на постигнување заемно корисен договор. Ги разбравме потребите на клубот, се согласивме да почекаме и му дадовме на Јувентус потребно време за да ги финализира излезните трансфери и да ги создаде финансиските и спортските услови за испраќање понуда. Сепак, тоа не се случи”, истакна агентот на Кеси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













