АЕК и Астон Вила ги запишаа првите победи во новата сезона од Лигата на шампионите. Грчкиот тим на домашен терен го совлада ЛАСК со 1-0, додека Астон Вила на гостински терен беше подобра од Клуб Бриж со 2-3.
За АЕК ова беше прва победа во Лигата на шампионите по цели 20 години.
АЕК можеше да поведе уште во третата минута. Лука Јовиќ се најде сам пред голманот, иако дефанзивците беа во негова близина, но неговиот удар беше одлично одбранет од Јунгвирт.
Домашниот тим продолжи со нападите, а од својот втор удар во рамките на голот успеа да поведе. Во 21. минута, Марин изведе фантастичен слободен удар, погодувајќи во аголот за 1-0.
АЕК потоа целосно ја презеде контролата врз играта и со предност замина на пауза. Во вториот дел повторно во центарот на вниманието беше Јовиќ, кој во 64. минута ја затресе мрежата, но по интервенцијата од ВАР-собата голот беше поништен поради офсајд во акцијата.
Тимот на Марко Николиќ продолжи да игра дисциплинирано и успешно го чуваше резултатот до крај.
Астон Вила конечно го прекина голгетерскиот пост и по три натпревари без постигнат гол во Премиер-лигата, славеше на гостувањето кај Клуб Бриж со 2-3.
Тимот на Унаи Емери одигра речиси совршено прво полувреме, во кое постигна дури три гола.
Во 11. минута Мекгин ја искористи асистенцијата од Пау Торес и ја затресе мрежата за 0-1.
Клуб Бриж брзо возврати. Во 19. минута Јан Виргили од левата страна асистираше до Ветлесен, кој израмни на 1-1.
Сепак, само три минути подоцна Астон Вила повторно беше во предност. Буендија погоди за 1-2 по асистенцијата на Жоао Гомеш.
Во финишот од првиот дел се запиша и Николас Џексон, кој зголеми на 1-3, а Пау Торес ја запиша својата втора асистенција на натпреварот.
Клуб Бриж не се предаваше и во 61. минута Тресолди постигна гол за 2-3, враќајќи ја неизвесноста.
Иако до крајот се играше отворено на двете страни, Астон Вила успеа да ја зачува предноста и да ги освои првите бодови во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













