Oрганизаторите на Adria Football Forum ги објавија првите потврдени имиња на говорници за годинешното издание на настанот, кој ќе се одржи на 21 и 22 септември во хотелот Hyatt Regency Belgrade.
Меѓу првите потврдени учесници е Марко Николиќ, еден од најуспешните тренери од регионот и актуелен предводник на АЕК Атина. Тој на форумот ќе зборува за современото управување со екипи, создавањето победничка култура и предизвиците во врвниот европски фудбал.
Свој придонес на настанот ќе има и Ромео Јозак, меѓународно признат фудбалски експерт со големо искуство во развојот на млади играчи, едукацијата на тренери и креирањето фудбалски системи.
Словенечкиот фудбал ќе го претставува Дарко Миланиќ, еден од најтрофејните стручњаци од Словенија, кој во богатата кариера освоил бројни трофеи и работел во клубови во својата земја и во странство.
Николиќ, Јозак и Миланиќ се само дел од листата на говорници за овогодишното издание на Adria Football Forum. На собирот ќе учествуваат и други реномирани имиња од светот на фудбалот, кои ќе ги споделат своите знаења и искуства.
Организаторите информираат дека продолжува продажбата на влезници, а сè уште е достапен ограничен број Early Bird билети, кои нудат најповолна можност за учество на еден од најзначајните стручни фудбалски настани во регионот.
Повеќе информации за програмата, говорниците и пријавувањето се достапни на официјалната интернет-страница на форумот www.adriafootballforum.com.
Adria Football Forum 2026
21–22 септември 2026
Hyatt Regency – Белград
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













