Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, изразил желба да се пресели во Интер, откриваат италијанските медиуми. Нигерискиот офанзивец ја информирал Аталанта дека сака да го напушти клубот, по што биле остварени дополнителни контакти меѓу Интер и неговите претставници.
„Нероаѕурите“ подготвуваат официјална понуда, додека клубот од Бергамо инсистира на обештетување поголемо од 40 милиони евра кога станува збор за трансфер во друг италијански клуб.
Во сезоната 2024/25, Лукман одигра 39 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи 20 голови и запишувајќи седум асистенции.
Неговата моментална пазарна вредност изнесува околу 60 милиони евра.
Актуелниот договор на Лукман со Аталанта е со важност до 30 јуни 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Артета ги откри проблемите на Арсенал













