Аријан Адеми ќе паузира околу еден месец поради повредата што ја заработи на натпреварот помеѓу Македонија и Германија во квалификациите за Светското првенство. Во 29. минута Каи Хаверц несмасно падна врз ногата на фудбалерот на Динамо Загреб, по што беше принуден да ја напушти играта.
Тој, потоа, беше во Загреб на детални прегледи, по што беше утврдено дека ќе следи подолга пауза. Привично хрватските медиуми веруваа дека Адеми се здобил со тешка повреда на скочниот зглоб, која бара посложена рехабилитација и дека ќе биде многу тешко е да се очекува да се врати до крајот на годинава.
“За жал, долго време го загубивме Адеми. Неговата повреда е од таква природа што ќе мораме да правиме без него неколку месеци”, изјави тренерот на “сините”, Дамир Крзнар. Сепак, тој брзо беше денамтиран од клубот, кој извести дека Адеми ќе отсуствува околу четири недели поради повредата на скочниот зглоб.
Ова значи дека нашиот столб во репрезентацијата сигурно ги пропушта последните одлучувачки дуели на Македонија за пласман во баражот од Светското првенство против Ерменија на 11 ноември, и Исланд три дена подоцна.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski