Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, нема да може да му помогне на националниот тим на Македонија на стартот од квалификациите за СП во Катар. Тој поради болки во коленото најверојатно ќе мора да го прескокне првиот дуел против Романија в четврток во Букурешт.
Адеми издржа огромни напори на двомечот против Тотенхем во Лигата на Европа по што се јави и посилна болка во коленото. Поради ова Адеми вчера ги одигра само последните десетина минути за Динамо Загреб на мечот против Горица (1-0) во хрватското првенство.
Капитенот Горан Пандев се жали на мали тегоби во бутниот мускул. Тој во наредните два дена ќе се обиде да тренира со полн интензитет и да направи спринт, па потоа ќе биде одлучено дали и колку ќе може да настапи на мечот против Романците.
Фудбалските репрезентативци денеска напладне го имаат првиот собир, а попладне ќе го одржат и првиот тренинг. Патувањето за Букурешт е планирано в среда.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski