Хрватскиот Динамо Загреб на македонски репрезентативен погон славеше со 2-3 на гости против Краснодар и направи голем чекор напред кон пласманот во следната рунда од Лигата на Европа. Двоен стрелец беше Бруно Петковиќ, а погоди и Атемвиен.
Црвена Звезда ремизираше (2-2) против Милан во Белград, откако Панков постигна гол за израмнување во 93.минута од мечот. Панков си даде автогол во првиот дел, Канга израмни од пенал во 52.минута, но девет минути подоцна и „росонерите“ добија пенал што го искористи Тео Хернандез.Сепак, Панков не дозволи Црвена Звезда да загуби.
Манчестер Јунајтед го декласира Реал Сосиедад со 0-4 на неутрален терен во Торино. Бруно Фернандеш даде два гола, а погодија и Маркус Рашфорд и Даниел Џејмс.
Рома победи против Брага со 0-2, Тотенхем оствари триумф (1-4) против Волфсбергер, Олимпијакос го победи ПСВ со 4-2, Славија Прага ремизираше без голови против Лестер, Јанг Бојс победи 4-3 против Баер Леверкузен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













