Тотенхем го совлада Динамо Загреб со 2-0 во Лондон и обезбеди солидна предност за реванш мечот од осминафиналето во Лигата на Европа. Хари Кејн беше стрелец на двата гола за Тотенхем, во 25. и во 70.минута од натпреварот. Адеми и Ристовски одиграа цел меч, капитенот на Динамо Загреб беше заменет во 90.минута со Бартол Фрањиќ поради мала повреда.
Арсенал во финишот стигна до убедлив триумф на гости против Олимпијакос (1-3). Одегард, Габриел и Елнени стрелаа за „топчиите“ на овој меч. Рома со 3-0 го совлада Шахтјор Доњецк со головите на Пелегрини, Ел Шарави и на Мансини.
Гранада обезбеди предност од 2-0 против Молде по првиот дуел. Хорхе Молина и Роберто Солдадо беа стрелци на головите за шпанскиот тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski