Германскиот репрезентативец на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, изразил желба да го напушти клубот, јавува „Билд“. Причината за одлуката на 23-годишниот напаѓач е лична.
Се наведува дека партнерката на Адејеми, Лоредана, инсистира да живее во голем европски град, а не во Дортмунд. Поради тоа, напаѓачот го смени агентот и сега е застапуван од Португалецот Жорге Мендеш, кој му бара нов клуб.
Договорот на Карим Адејеми со Борусија Дортмунд важи до летото 2027 година. Одлуката да не го продолжи договорот го става клубот во ситуација да мора да го продаде или во јануари, или следното лето, за да добие финансиски надомест.
Во оваа сезона, Адејеми има одиграно 21 натпревар и постигнато шест гола за „жолто-црните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal













