Connect with us

Абате го презеде кормилото на Торино

Од Торино официјално ја потврдија тренерската смена по завршувањето на сезоната. „Биковите“ се разделија со досегашниот стратег Роберто Д’Аверса, а за негов наследник го назначија младиот тренер Игнасио Абате.

Покрај Д’Аверса, клубот се раздели и со целиот негов стручен штаб, притоа заблагодарувајќи им се за вложениот труд и посакувајќи им успех во понатамошната кариера. Педесетгодишниот тренер го презеде Торино во февруари и успеа да внесе стабилност во тимот, забележувајќи пет победи, три ремија и четири порази.
Благодарение на тие резултати, „граната“ сезоната ја заврши на 12. место во Серија А.

Сепак, раководството одлучи да не ја продолжи соработката со искусниот италијански стратег и довербата да му ја укаже на Абате.

За 39-годишниот тренер ова ќе биде прво искуство во италијанската елита. Досега работеше со младинските категории на Милан, а потоа ги водеше и Тернана и Јуве Стабија. Минатата сезона со Јуве Стабија заврши на седмото место во Серија Б и стигна до плејофот за промоција, каде што не успеа да избори пласман во најсилната конкуренција.

Поранешниот италијански репрезентативец потпиша двегодишен договор со Торино, клуб за кој настапуваше и како фудбалер во текот на една сезона од својата играчка кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови