Поранешниот англиски репрезентативец Ајван Тони, е приведен под сомнение за физички напад врз фан во бар во центарот на Лондон. Британските медиуми информираат дека 29-годишниот англиски репрезентативец бил уапсен по тепачка со навивач во бар во Лондон. Првично медиумите не го откриваа името на фудбалерот, но подоцна се појави неофицијална информација дека станува збор за поранешниот напаѓач на Брентфорд.
Напаѓачот со седум настапи и еден гол за репрезентацијата на Англија, кој сега игра за Ал-Ахли во Саудиската професионална лига, бил во бар рано во саботата наутро, кога му пришол човек кој побарал селфи.
„Тој помина покрај маса со група момчиња. Едно од нив го препозна и рече: ‘О, тоа е Ајван Тони’, па се обиде да го прегрне за да направат заедничка фотографија. Но Тони се почувствувал загрозен и му одговорил: ‘Остави ме на мира! Остави ме на мира!’. Потоа „го удри момчето со глава во лицето, при што крв почна да му тече од носот. „Можеби помислил дека сакаат да го нападнат, да му го земат ланецот што го носеше на врат или да го испровоцираат. Тој е суперѕвезда, заработува половина милион неделно во Саудиска Арабија. Носеше накит и многу скап часовник“, раскажува очевидец кој бил со својата девојка во локалот, за весникот „Сан“.
Очевидецот додаде дека полицијата се појавила половина час подоцна.
„Имаше петмина униформрани полицајци кои дојдоа до масата на Тони, му побараа лични документи и потоа му рекоа дека е уапсен за напад. Веднаш потоа му ставија лисици и го одведоа.“
Локален бармен изјави дека полицијата се вратила во тој дел од градот и следниот ден за да постави дополнителни прашања на гостите кои биле присутни при инцидентот. Лондонската служба за итна помош исто така потврди дека испратила амбулантно возило во 1:57 часот по полноќ, по дојавата за наводен напад.
Ајван Тони дебитираше за репрезентацијата на Англија во 2023 година. Но истата година доби осуммесечна суспензија, откако беше обвинет за над 230 прекршувања на правилата за обложување од периодот 2017–2021. Призна голем дел од нив, но некои ги оспори. Во 2024 година, Тони прејде од Брентфорд во Ал-Ахли за 40 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













