Connect with us

Барселона го доби дербито со Атлетико и побегна на +4 во однос на Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“ со 3-1, со голем пресврт.

Атлетико поведе со гол на Алекс Баена, израмни Рафиња, а потоа Левандовски шутираше преку голот од пенал.


Во вториот дел Дани Олмо донесе целосен пресврт, а Феран Торес во судиското продолжение ја потврди победата. Сепак, загрижувачки е што поради повреди од игра мораа да излезат и Олмо и штотуку опоравениот Педри.

Со оваа победа Барселона ја зголеми својата привремена предност во однос на Реал Мадрид на +4, додека во однос на Атлетико има +6.

Ханси Флик првпат од почетокот на септември можеше да смета на квартетот Педри – Рафиња – Јамал – Левандовски и го изведе најсилниот состав, а истото го стори и Диего Симеоне.

Лоша вест за Атлетико беше повредата на Џони Кардозо, кого веднаш го замени Коке.

Во финишот, Атлетико Мадрид можеше да стигне до израмнување, но Тијаго Алмада и Антоан Гризман во последните десетина минути не реализираа две колосални шанси. На крајот, Феран Торес само стави печат на триумфот на каталонскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови