Oвластувањата на ВАР-судиите на Светското првенство во 2026 година можно е да се прошират, при што ФИФА ќе издаде специјално одобрение за тоа.
Функционери на ФИФА инсистираат системот ВАР да може да се вмешува во ситуации кога е неправилно досуден корнер. Исто така, тие сакаат судиите да имаат право да прегледуваат втор жолт картон за да потврдат дали исклучувањето на играчот е правилно досудено.
Целта на раководството на Светската фудбалска организацијата е судиските одлуки на Светското првенство да бидат што е можно попрецизни.
Дополнително, на тековниот турнир Куп на Арапските нации се тестира ново правило насочено кон борбата со играчи кои симулираат повреди.
На турнирот во Катар, играч кој добива медицинска помош поради повреда треба да го напушти теренот за две минути, освен ако играчот кој го фаулирал не добил жолт или црвен картон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал и Барса во трка за дефанзивец на Ајнтрахт
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













