На 18 ноември, во Кардиф, А репрезентацијата на Македонија гостува кај селекцијата на Велс во натпревар од квалификациите за СП 2026. Со цел непречено и безбедно одвивање на мечот, ФФМ ги упатува следните важни информации добиени од домаќинот за сите македонски навивачи што ќе присуствуваат на стадионот во Кардиф, а се однесуваат на организацијата и безбедноста:
– Стадионот се отвора два часа пред почетокот. Препорачуваме пристигнување најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот.
– Македонските навивачи ќе бидат сместени во секторите 119, 121 и 122, со влез исклучиво преку Gate 12.
– Нема повторен влез.
– Не е потребно покажување лична карта или пасош.
– Навивачите со билети купени во домашни сектори може да бидат одбиени од влез или отстранети.
– Пабот Walkabout на St. Mary Street традиционално ги прима гостинските навивачи. линк: (walkaboutbars.co.uk/cardiff)
– Стадионот е 25 минути пеш од центарот; достапни се такси и јавен превоз (Ninian Park, Grangetown).
– Билети не се продаваат на денот на натпреварот.
– Паркирањето за автобуси е бесплатно; има ограничени места за автомобили (10 фунти, плаќање на лице место).
– Штандовите за храна и пијалоци се отворени со отворањето на влезовите; стадионот е целосно без готовина.
– Лица во инвалидски колички влегуваат преку посебниот страничен влез кај Gate 12.
– Забранети предмети: пиротехника, професионални камери, храна/пијалоци, големи торби. Мали торби се дозволени по проверка. Знамиња до 2×1 м се дозволени (без навредлива или недозволена содржина).
– Пиротехника во околината или внатре во стадионот може да доведе до апсење и забрана за влез.
– Лица во тешка алкохолизираност нема да бидат пуштени да влезат на стадионот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













