Connect with us

Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички

Работнички има нов тренер. Српскиот стратег Ален Тупајиќ ќе ги води „романтичарите“ во продолжението од сезоната., објави клубот.

Тупајиќ, кој има 50 години, во Скопје доаѓа по разделбата со Бор. Во кариерата работеше и во Литекс Ловеч, каде беше тренер и асистент на легендарниот Љупко Петровиќ – стратегот што ја одведе Црвена Звезда до европската титула.

Има богато искуство во клубови од регионот и од Азија: беше прв тренер на Будуќност Ваљево и Ал-Јахра, асистент во Напредак Крушевац и Раднички 1923, а работеше и во Борац Бања Лука, Колубара, како и во Виетнам.

Работнички се наоѓа во исклучително тешка ситуација. Поранешниот македонски шампион е претпоследен на табелата со само седум освоени бодови, па Тупајиќ го очекува сериозна битка за опстанок во елитата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови