Connect with us

Роналдо го обвини ирскиот селектор дека влијаел на неговото исклучување (ВИДЕО)

Селекторот на Ирска, Хејмир Халгримсон, откри што му кажал Кристијано Роналдо откако напаѓачот беше исклучен добивајќи црвен картон на сионоќешниот квалификациски натпревар. Двајцата размениле зборови, откако Роналдо очигледно беше налутен.

„Да, тој ме ‘пофали’ дека вршев притисок врз судијата“ – изјави селекторот на Ирска.


„Но, слушнете, тоа немаше никаква врска со мене. Тоа беше негово однесување на теренот кое му донесе црвен картон. Немаше врска со мене, освен ако случајно не сум му влегол во главата. Мислам дека доволно си поразговаравме кога беше исклучен. Нема повеќе за што да се зборува. Тоа беше само момент на глупост од негова страна, така би рекол.“

Роналдо беше исклучен во 59. минута за удар без топка, кога Португалија веќе заостануваше со два гола.

Иронично, инцидентот меѓу Халгримсон и Роналдо се случи само неколку дена по изјавата на селекторот дека напаѓачот „го контролираше судијата“ за време на првиот натпревар меѓу двете репрезентации во Португалија, кој тимот на Роберто Мартинез го доби со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови