Connect with us

Албанците ќе играат бараж за СП 2026, Србите загубија од Англија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Албанија обезбеди историски пласман во баражот за Светското првенство откако вечерва славеше со 0-1 на гостувањето кај Андора. Оваа победа, во комбинација со поразот на Србија во Лондон, им донесе сигурно второ место во групата на Албанците во овие квалификации.


Херој на дуелот во Андора беше Аслани, кој го постигна единствениот и победнички гол во 67. минута.

Португалија неочекувано загуби со 2-0 на гостувањето против Република Ирска, што ја одложи нивната директна промоција на мундијалскиот пласман. Следниот меч на домашен терен против Ерменија ќе биде клучен, но сепак ќе мора да играат без Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на денешниот дуел во Даблин.

Англија го обезбеди првото место во групата и го потврди пласманот на Светското првенство со победата од 2-0 над Србија. Новиот селектор на Србија, Вељко Пауновиќ, не успеа да приреди изненадување во своето деби, а стрелци на головите беа Сака и Езе.

Италија со големи тешкотии славеше со 0-2 на гостувањето кај Молдавија, благодарение на головите на Манчини во 88. минута и на Еспозито во судиското продолжение. Сепак, „аѕурите“ ќе мора да играат бараж за мундијалот, поради големото заостанување во гол-разликата во однос на водечката Норвешка.

Франција ја победи Украина со 4-0, сите голови беа постигнати во второто полувреме. Два од нив беа дело на Мбапе, а по еднаш погодија Олисе и Екитике.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови