Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски даде интервју за подкастот „Лазаров“ за време на оваа репрезентативната пауза и предизвика вистински потрес во Валенсија. Нашиот голман првпат јавно зборуваше за тоа дека во клубот „нема вистинска конкуренција“, откривајќи дека неговиот колега Жулен Агирезабала „мора да брани по договор, за клубот да избегне финансиски пенали“.
Според шпанскиот портал „Супердепорте“, кој е близок до Валенсија, оваа изјава предизвикала сериозно незадоволство кај тренерот Карлос Корберан, раководството и дел од фудбалерите.
„Сезонава дојде втор голман со клаузула дека мора да брани барем 30% од натпреварите. Тоа значи дека реална конкуренција нема. Без разлика дали бранам добро или лошо – ќе седам на клупа, бидејќи клубот во спротивно би морал да плати пенали“, изјави Димитриевски.
Иако оваа констатација само потврди нешто што одамна се знае во фудбалските кругови, во Валенсија изјавата предизвика вистинска „експлозија“. Клубот смета дека Столе „ја преминал границата“ затоа што индиректно го довел во прашање професионализмот на тренерот и колегата Агирезабала.
Тренерот Корберан, кој веќе претходно ја коментирал оваа тема, реагирал остро:
„Во Валенсија никој не игра по договор. Позицијата на голман е специфична – некои тимови ротираат, други држат континуитет, но изборот секогаш се базира на спортски причини, не административни“, рече тој пред натпреварот во Купот на Кралот.
Иако клубот не ја негира клаузулата во договорот на Агирезабала – според која мора да брани најмалку 30% од мечевите за да се избегне финансиска казна – од Валенсија тврдат дека тоа не значи гарантирано место во почетниот состав.
Медиумите во Шпанија истакнуваат дека изјавата на Димитриевски доаѓа во особено чувствителен момент, бидејќи Валенсија се наоѓа во сериозна резултатска криза и е блиску до зоната на испаѓање. Наместо да се зајакне тимскиот дух, интервјуто, според нив, донело дополнителна тензија.
„Македонецот удри токму кога требаше сите да бидеме обединети“, напиша „Супердепорте“.
Сепак, суштината на зборовите на Димитриевски е јасна – тој само укажал на поширок проблем што одамна постои во шпанскиот фудбал: договорни клаузули што го ограничуваат спортскиот избор на тренерите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













