Килијан Мбапе го истакна значењето на претстојниот натпревар меѓу Франција и Украина, кој може да го обезбеди пласманот на „петлите“ на Светското првенство. Натпреварот има и посебна емоционална димензија, бидејќи се поклопува со десетгодишнината од терористичките напади во Париз на 13 ноември 2015 година.
„Сакам да кажам неколку зборови во име на целиот тим – играчите и стручниот штаб. Денот ќе биде посебен. Сакам да се сетиме на сите погодени. Знаеме дека нема да биде радосен ден, но за нас е важно сите Французи да знаат дека ова е момент што треба да се одбележи“, изјави капитенот на Франција.
Мбапе призна дека очекува тежок натпревар против Украина.
„Мечот во Полска беше комплициран. Тие првото полувреме играа со нисок блок, а потоа почнаа да напаѓаат повеќе. Играа со голем интензитет и имаа свои шанси. Ако фудбалот беше целосно фер и логичен, веројатно ќе постигнеа гол. Сега нема да биде лесно – тие се борат за пласман, но сè зависи од нас. Пораката е јасна – мора да победиме и да покажеме дека сме дома.“
Ѕвездата на Франција зборуваше и за соиграчот Дајо Упамекано, кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид:
„Тој е во одлична форма и зрачи со самодоверба. За мене е еден од најдобрите и најдоминантните дефанзивци во светот. Брз е, добива дуели и веќе е во голем клуб како Баерн. Нема многу подобри клубови од Баерн… можеби само еден. Нема да кажам кој, но е јасно дека кога станува збор за таков фудбалер, сите големи клубови сакаат да го имаат.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













